Промени тема
Контакт

(Фото) Уапсен е осомничениот за терористичкиот напад во Индија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryof54790c4au19RPdffN

Уапсен е маж које е осомничен за поврзаност со смртоносниот напад со автомобил-бомба во Делхи, во кој минатата недела загинаа осум, а 20 лица беа повредени. Властите соопштија дека автомобилот користен во нападот, што владата го нарече „терористички инцидент“, бил регистриран на името на уапсениот, пренесува BBC.

NIA го товари, жител на Кашмир под индиска управа, за уrote со наводниот напаѓач-самоубиец. Експлозијата се случила кај метро станица близу Црвената тврдина. Агенцијата запленила уште едно возило кое се поврзува со напаѓачот и ќе биде дополнително испитано. Досега се испитани 73 сведоци, вклучувајќи повредени лица.

— реклама —
media-librarynrog16e9eqpm19jCweN

Ова е прва ваква експлозија во строго чуваниот Делхи од 2011 година. Нападот се случил во понеделник во 18:52 по локално време, кога бавно возило застанало на семафор и експлодирало. Министерот за внатрешни работи Шах потврдил дека станува збор за бел Hyundai i20. Снимките покажале изгорен автомобил и повеќе уништени возила, меѓу кои авторикша и ризкши.

— реклама —
media-librarynhvlc1bq7bs34ApC0Eh

Премиерот Моди го нарече нападот „урота“, а владата вети дека извршителите, нивните соработници и спонзори ќе бидат казнети. Лидерот на опозицијата Рахул Ганди нападот го опиша како „исклучително потресен“.

— реклама —

Полицијата истражува можни врски со неодамнешното апсење на седум мажи во Кашмир и со заплената на 2900 килограми експлозив во предградието на Делхи. Црвената тврдина, изградена во 17. век, е една од најпосетените знаменитости и е место каде индиските премиери ги одржуваат говорите за Денот на независноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybhs92t42r75sfq0Zp4W

(Видео) Медениот месец се претворил во кошмар: Наместо масло, на скарата истуриле керозин, девојка заврши со изгореници на 60 отсто од телото

Свет | пред 4 часа

— реклама —
nafta-pristaniste

Индија се сврте кон руската нафта и покрај притисокот од САД: увозот достигна рекордно ниво

Свет | пред 1 месец

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Индија се откажува од набавка на руски авиони

Свет | пред 1 месец

media-libraryet57rf3da6ob5nOtj57

(Видео) Обилни дождови и поплави во Индија: Најмалку 14 загинати, илјадници евакуирани

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања