Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

150 настани низ Италија како алтернатива на Halloween, Ватикан ја промовира светоста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 47 минути -

Свет
media-librarydpod7ap48tao0Admk3g

Додека многумина се подготвуваат за прославата на празникот Ноќ на вештерките (Halloween), Ватикан, како одговор на овој празник, подготви низа манифестации низ Италија во рамките на иницијативата „Ноќ на светилиштата“, пренесува денеска агенцијата „Аднкронос“.

Оваа иницијатива на Канцеларијата на Италијанската бискупска конференција (CEI), задолжена за слободно време, туризам и спорт, се одржува од 2019 година во јуни, но оваа година календарот е променет и приспособен.

— реклама —

Целта на иницијативата е промоција на светилиштата како места за евангелизација, гостопримство и аџилак. Настанот ќе опфати 150 активности низ Италија, вклучувајќи молитвени бденија, како и уметнички и културни програми.

— реклама —

Во Рим, како алтернатива на световниот обичај на собирање слатки, ќе се одржи манифестацијата „Ноќ на сите светци – Ноќ на светлината“.

Во римската населба Трастевере вечерва ќе се одржи свечено богослужење, а во иницијативата учествува и градот Тренто.

— реклама —

Калуѓерките од градот Бра ќе организираат настан „Против Ноќта на вештерките“ во црквата на нивниот манастир, кој ќе опфати света литургија.

Во меѓувреме, младите од Падованската бискупија ќе се соберат на настанот „Светци во ноќта“, кој ќе вклучува музика, забава и молитва.

Слични собири ќе се одржат и во Равена и Асти, каде што преку приказни за светителите, учесниците ќе бидат повикани повторно да го откријат повикот кон светоста како можен пат кој му е достапен на секого, пренесува италијанската агенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7bn090ue3vjm0p96OAP

Ватикан потврди: папата Лав XIV заминува на патување во Латинска Америка

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата опериран од рак на белите дробови, Ватикан со нови информации за неговата состојба

Свет | пред 1 седмица

media-librarym2b3h3d0upkj4pa7x7w

Папата Лав XIV има рак на белите дробови

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Ватикан игнорирал хакер: Апликацијата на папата компромитирала 700.000 луѓе

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања