Промени тема
Контакт

159 сообраќајни несреќи во Албанија за еден месец: 22 загинати и 229 повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
101013308-147590

Во Албанија во текот на август биле регистрирани 159 сообраќајни несреќи, во кои животот го загубиле 22 лица, а 229 биле повредени, објавуваат медиумите во Тирана.

— реклама —

Од повредените, 32 лица се здобиле со тешки, а 175 со полесни повреди. Според податоците, лицата на возраст од 25 до 34 години најчесто биле учесници во сообраќајните несреќи, додека најголем број несреќи биле регистрирани во недела.

— реклама —

Брзото возење, управувањето со возило под дејство на алкохол и непочитувањето на сообраќајните правила и понатаму се меѓу главните фактори за несреќите со фатални последици.

— реклама —

Албанската државна полиција ја промени стратегијата за контрола на патиштата, со поголема употреба на технологија, но според податоците, бројот на несреќите не се намалил.

Само во август полицијата изрекла повеќе од 47.000 сообраќајни казни. И покрај зголемувањето на дел од глобите, по измените на сообраќајниот законик, прекршувањата на правилата и натаму се сериозен проблем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjjpe9dg96at7cedyg5l

Коридорот 8 и европската интеграција во фокусот на средбата Ферати – Хоџа

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
rudnik

(Видео) Тројца рудари спасени од Трепча, уште 60 се заробени под земја

Настани | пред 4 дена

media-libraryebbp15smv4221FJy19T

Еколошка катастрофа во Албанија: Тони риби угинаа во акумулацијата Кашњети

Балкан | пред 1 седмица

media-librarybudrh63s2phl9NaRo7R

(Видео) Пекол во Албанија: Пожар проголта шест куќи и викендички во Химара

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања