Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Марта Кос најави можен влез на Албанија во ЕУ до 2030 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Балкан
media-librarytjeu6nucv9rr7Z9JtAv

Албанија би можела да стане членка на Европската Унија до 2030 година, а договорот за пристапување да биде потпишан две години претходно, најави еврокомесарката за проширување Марта Кос.

— реклама —

На заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, Кос изјави дека Албанија веќе кон крајот на следната година би можела да биде блиску до завршување на преговорите, доколку реформите продолжат со предвиденото темпо и земјите членки дадат согласност во сите фази од процесот.

— реклама —

Доколку се исполнат условите, следниот чекор би бил формирање работна група за подготовка на договорот за пристапување, кој би можел да биде потпишан во 2028 година. Конечниот датум за членство ќе зависи и од процесот на ратификација.

Рама нагласи дека пристапувањето во ЕУ нема однапред утврден рок, бидејќи зависи не само од реформите во Албанија, туку и од едногласната согласност на сите 27 земји членки. Тој потсети дека Тирана во изминатите години се соочувала и со политички пречки, кога одделни членки го блокирале напредокот и покрај позитивните оценки на Европската комисија.

— реклама —

Албанскиот премиер порача дека земјата ќе продолжи да ги исполнува обврските од пристапниот процес, иако конечната одлука за членството не зависи исклучиво од Тирана.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryngtdfdmvmng85Mnug1F

„Обединети за Албанија“ – ново политичко движење најавено од студенти и професори во Албанија

Балкан | пред 6 часа

— реклама —
policija-al

Чичко и внук застрелани во дворот на семејната куќа во Албанија

Балкан | пред 3 дена

media-library9k0qgk96bqh54Cq3Qxn

(Видео) „Баба на револуцијата“: Лепеше налепници на полициските штитови и стана симбол на протестите против Рама

Настани | пред 4 дена

media-librarytiqkhptgs6qadXNJqUk

Нови протести во Тирана: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања