Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Обединети за Албанија“ – ново политичко движење најавено од студенти и професори во Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 49 минути -

Балкан
media-libraryngtdfdmvmng85Mnug1F

Нова политичка иницијатива се подготвува да влезе на политичката сцена во Албанија. Група студенти, универзитетски професори, експерти од различни области и претставници на дијаспората го најавија формирањето на движењето „Обединети за Албанија“, објави „Танјуг“.

— реклама —

Целта на иницијативата е обединување на граѓаните околу поинаков модел на управување, заснован на праведност, меритократија, одговорност и транспарентност.

— реклама —

Претставничка на студентската група изјави дека движењето сака да им понуди на граѓаните платформа преку која активно ќе можат да учествуваат во иницирањето промени.

„Ние не даваме ветувања, туку поставуваме стандарди. Секое наше залагање ќе има мерлива цел, конкретна одговорност, трошок и рок. Јавно ќе го следиме исполнувањето и ќе вршиме контрола“, порача таа, додавајќи дека за секоја неисполнета обврска ќе биде дадено јавно објаснување.

— реклама —

Во иницијативата веќе се вклучени студенти, професори и лица со професионално искуство од повеќе области, а започнало и собирањето потписи за основање на движењето.

— реклама —

Во наредните денови претставниците планираат средби со граѓаните во градовите и селата низ Албанија, на кои ќе ги претстават своите идеи и ќе ги собираат потребните потписи. Најавени се и јавни настапи на кои ќе бидат соопштени повеќе детали за програмата, организацијата и идните активности на „Обединети за Албанија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

policija-al

Чичко и внук застрелани во дворот на семејната куќа во Албанија

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library9k0qgk96bqh54Cq3Qxn

(Видео) „Баба на револуцијата“: Лепеше налепници на полициските штитови и стана симбол на протестите против Рама

Настани | пред 4 дена

media-librarytiqkhptgs6qadXNJqUk

Нови протести во Тирана: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Свет | пред 5 дена

media-librarya5u0820es0ph8CRsEoH

(Видео) Со јајца по возилото на Еди Рама: Полицијата приведе 12 активисти во Албанија

Настани | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања