Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

168 санкции за една вечер во Скопје: Најмногу казни за мотоциклисти без кацига

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library92lrdbfjqo6ja0Rr6Lu

Вкупно 168 санкции биле изречени во рамки на засилена акциска контрола што ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на подрачјето на главниот град.

Контролата била реализирана во периодот од 16:00 часот на 18 јуни до 01:00 часот на 19 јуни, при што најголем дел од прекршоците се однесувале на возачи на мотоцикли и мопеди.

— реклама —

Според податоците на полицијата, изречени се 56 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, шест санкции за возење со несоодветна категорија, како и 18 мерки за управување велосипед со помошен мотор без положен возачки испит.

Дополнително, санкционирани биле пет возачи на нерегистрирани мотоцикли, а изречена е и една мерка за непочитување на знак за запирање.

— реклама —

Полицијата евидентирала и 66 други прекршоци, меѓу кои неносење возачка или сообраќајна дозвола, неистакнати регистарски таблички, недавање првенство на минување на други возила или пешаци и други сообраќајни прекршоци.

— реклама —

При контролата биле констатирани и две кривични дела за безобѕирно управување со мопед согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymiid0t15caih9rM6JDZ

Ја нападнал мајка му и ѝ го скршил телефонот, уапсен велешанец

Македонија | пред 16 часа

media-library35gkg77b4skt1N61Rtx

Излетал од патот со мопед, малолетен мопедист и сопатничка завршија во болница

Македонија | пред 16 часа

ambulanta

Четири лица тешко повредени при судир на две возила на патот кон Долно Блаце

Македонија | пред 16 часа

media-libraryaghfv2svf1fi7Ja0A1g

Една година живеел со малолетничка и ја силувал, уапсен 26-годишник

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања