Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

17 години од трагедијата во Охридското Езеро: 15 туристи ги загубија животите при потонувањето на бродот „Илинден“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
ohridskoezeromart

Седумнаесет години по најтешката бродска несреќа во историјата на Охридското Езеро, споменот на 15-те бугарски туристи кои ги загубија животите и денес останува длабоко врежан во сеќавањата на Охрид и на нивните семејства.

— реклама —

На 5 септември 2009 година, околу 10:30 часот, бродот „Илинден“ со 57 патници, кој пловел на релацијата Охрид – Свети Наум, се превртел и потонал на околу 250 метри од брегот, во близина на автокампот „Елешец“. Во трагичната несреќа животот го загубиле 15 туристи од Бугарија.

— реклама —

Жртвите биле жители на општините Антон, Пирдоп, Златица, Мирково и Рибарица во Бугарија. Трагедијата оставила длабока трага кај нивните семејства, но и во двете земји.

— реклама —

Бродот бил извлечен од водите на Охридското Езеро на 19 септември 2009 година и бил одвлечен до каналот Студенчишта. Таму се наоѓа и денес, како нем сведок на трагедијата во која за само неколку минути згаснале 15 животи.

— реклама —

Седумнаесет години подоцна, 5 септември останува ден на сеќавање и почит кон жртвите на „Илинден“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysr3q80pdmc9c6OPOuU2

(Видео) Нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро, извадени пластика, стакло и текстилен отпад

Настани | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, надминат годишниот план

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

Охридското Езеро и натаму се повлекува

Македонија | пред 1 месец

ohridsko-ezero

Светот се вљуби во Охрид: „Time Out“ го прогласи Охридското Езеро за најубаво место во Европа

Вирално | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања