Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

17 возачи се лишени од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryujl7e9fm6t796Vk3NQy

Во текот на изминатото деноноќие полициски службеници привеле 17 возачи низ државата поради безобѕирно управување со возила, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, шестмина возачи од Крива Паланка, Куманово, Делчево и Радовиш биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол. Возач од Радовиш предизвикал и сообраќајна несреќа, по што го напуштил местото на настанот.

— реклама —

Осум возачи од Скопје, Делчево, Гевгелија, Богданци, Прилеп и Македонски Брод управувале без возачка дозвола, додека еден возач од Кочани возел и покрај активна забрана.

— реклама —

Во Кавадарци бил приведен мотоциклист кој возел нерегистриран мотор без возачка дозвола, а во Демир Хисар полицијата затекнала возач кој бил и без дозвола и под дејство на алкохол.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, нагласувајќи дека возењето под дејство на алкохол, без дозвола или спротивно на забрана претставува сериозен ризик за безбедноста во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 8 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 8 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања