По трагичната несреќа во Македонија и телефонскиот разговор меѓу грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во неделата наутро, со координирани акции на министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и грчката служба за итна медицинска помош, Грција ги презеде сите чекори побарани од Европскиот механизам за цивилна заштита, велат владини извори.
Вкупно 18 повредени ќе бидат згрижени во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун.
Три тешко повредени лица на возраст од 25, 25 и 19 години веќе се лекуваат во болницата Папаниколау со големи изгореници, од кои на едното веќе му е извршена операција.
Претходно:
(Видео) Осум повредени од Кочани се во тешка состојба, во Софија се борат за нивните животи
Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров.Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година.Состојбата на сите пациенти е тешка, со изгореници на телото, горните екстремитети и ли
Македонија | пред 1 година