Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„2 години Влада на Мицкоски: Без резултати, само дефокус и закани!“, вели Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryhe19kbs3f9fi741fyTR

По повод две години од формирањето на Владата, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати серија критики за работата на премиерот Христијан Мицкоски и актуелната власт, оценувајќи дека изминатиот период бил обележан со економски проблеми, задолжувања и, како што рече, политички притисоци.

Од СДСМ тврдат дека Владата не успеала да ги исполни очекувањата на граѓаните и дека наместо подобрување на животниот стандард, државата се соочува со раст на сиромаштијата, иселување на младите и недостиг од суштински реформи.

— реклама —

Кузеска посочи дека за две години државата се задолжила со 2,5 милијарди евра нов долг, додавајќи дека, според партијата, нема доволно средства за повисоки плати, подобар животен стандард и одржлив пензиски систем.

— реклама —

„Нема зголемување на минималната плата на 600 евра, нема зголемување на платите во образованието и здравството, нема реформи и нема напредок“, истакна Кузеска.

Таа ја обвини Владата и за, како што наведе, недоволна поддршка за земјоделците, зголемена корупција и застој во евроинтегративниот процес.

— реклама —

Од СДСМ оценија дека Владата наместо да понуди одговори за проблемите на граѓаните, се служи со лични напади и политички пресметки.

„Граѓаните заслужуваат подобро, заслужуваат резултати, а не лаги и закани“, порача Кузеска.

Од партијата нагласуваат дека ќе продолжат да бараат, како што велат, одговорност, транспарентност и конкретни решенија за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn3lnsmmcfbhi7ttxtb5

(Видео) „По падот на Вучиќ Алта банка префрла пари во Македонија – Обвинителството веднаш да отвори истрага“, вели Кузеска

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryd8kruiqbe5k37qSmca6

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски и работи за ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија | пред 3 дена

media-librarya6lbgej0kd2p19Fss8f

(Видео) Кузеска: Левица не гласаше за минимална плата, сателит не штити работници

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryml8krnvp4f8k4AMQOdU

(Видео) Кузеска: Сè што рековме се потврдува, aрамијата не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања