Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

20.000 поморци заглавени во Ормутскиот теснец – ситуација без преседан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

Околу 20.000 поморци се заглавени на приближно 2.000 пловила во Ормутскиот теснец од почетокот на американско-израелскиот конфликт со Иран, информира Меѓународната поморска организација.

— реклама —

Меѓу блокираните пловила има танкери за нафта и гас, бродови за расут товар, контејнерски бродови и туристички крузери, што дополнително го нагласува глобалното значење на кризата.

— реклама —

Според податоците, од почетокот на војната се регистрирани најмалку 19 напади врз бродови во теснецот, при што загинале најмалку 10 поморци, а осум се повредени.

Организацијата предупредува дека условите на бродовите се влошуваат, со сериозен недостиг од храна, гориво и вода за екипажите што остануваат заробени во Персискиот Залив.

— реклама —

„Оваа ситуација, во која толкав број поморци останаа блокирани, е без преседан во современото време“, изјави во март директорот за поморска безбедност во организацијата, Дамиен Шевалие.

Ормутскиот теснец, како една од најважните светски трговски и енергетски рути, останува клучна точка на ризик, додека обидите за деблокада сè уште не даваат конкретни резултати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 3 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања