Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

219 казни за само осум часа во Скопје: Без кацига, без дозвола и под дејство на алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryu114tsts9fjs9PH5guP

Вкупно 219 санкции биле изречени во засилената акциска контрола што ја спроведе МВР на подрачјето на Скопје, при што евидентирано е и едно кривично дело за безобѕирно управување со мопед, а возилото било одземено.

— реклама —

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, контролата била реализирана на 14 јуни во периодот од 16:00 до 24:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје.

— реклама —

Од вкупно 219 преземени мерки, 66 се однесувале на управување мотоцикл без заштитна кацига, шест санкции биле изречени за возење со несоодветна категорија, а 15 лица биле затекнати како управуваат велосипед со помошен мотор без положен возачки испит.

Полицијата евидентирала и една мерка за нерегистриран мотоцикл, две мерки против возачи кои не застанале на даден знак, како и 129 санкции поради други прекршоци, меѓу кои неносење возачка или сообраќајна дозвола, неистакната регистарска табличка, недавање првенство на минување на возила или пешаци и други прекршоци.

— реклама —

При акцијата било констатирано и едно кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Кај возач на мопед било утврдено присуство на 1,93 промили алкохол во крвта, по што мопедот бил одземен.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 14 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 14 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања