Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

23 години од масакрот кај Карпалак

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-08-08-180522

Делегација на политичката партија Левица, предводена од членот на ЦК Игор Димески денес положи свежо цвеќе на местото на масакрот кај Карпалак.

На ова место во 2001 година, животот го загубија 10 армиски резервисти, кога нивниот конвој беше нападнат од заседа поставена од (сега амнестираните) терористи на УЧК. Сите резервисти беа родум од Прилеп, а загинаа кога нивниот камион беше во заседа погоден со ракетни фрлачи.

— реклама —

Кукавичката заседа на Карпалак беше извршена само четири дена пред потпишувањето на компромитирачкиот и меѓународно посредуваниот Охридски рамковен договор. Дел од тогашните генерали подоцна тврдеа дека во моментот кога не беа сигурни дали ќе се постигне конечната цел на агресорот – пред потпишувањето на (рамковен) договор, се активира притисокот со непотребни човечки загуби, надвор од зоната на воените дејства, за да се „убеди” македонскиот народ дека друго решение нема, туку да се потпише Рамковниот договор.

— реклама —

За жал, македонската држава и ниту една власт досега не се оддолжи на бранителите кои животот го положија за одбрана на територијалниот интегритет на Републиката. Вечна им слава на храбрите македонски бранители:

— реклама —

- Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски, Сашо Китаноски и Пеце Секулоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dosnica

Нови сомнежи за Дошница: Левица тврди дека повторно се активираат концесиите за мини-хидроцентрали

Македонија | пред 3 дена

apasiev

Левица: Клековски го остави Фондот за здравство со милионски проблеми, ДПМНЕ го награди со министерска функција

Македонија | пред 4 дена

apasiev

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Македонија | пред 5 дена

media-librarycb1gujrm7h5h05ZNsW9

Левица: Со кривична пријава за финансиски криминал со МРТВ Цветковски ќе раководи со "Скопје 2028"

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања