Промени тема
Контакт

23 Години Рамковен договор - неосудените воени злосторници носители на јавни функции, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-08-13-at-08.11.33

„Под силен притисок од страна на колективниот Запад и „стратешкиот партнер“ САД, пред 23 години е потпишан т.н Охридски рамковен договор како решение за повеќемесечниот вооружен конфликт поредизвикан од терористичката УЧК. Со овој договор се официјализираше неоколонискиот статус на Република Македонија, по што етно-трибалистичката политика стана институционализирана!“, вели Левица и додава:

По потпишувањето на овој договор, економската елита поткрепена од странски фактор, создаде етнички поларизирана политичка елита, којашто континуирано стимулирајќи етнички раздор, ги задоволува своите профитерски и милионерски нагони, непрекинато ги празни џебовите на граѓаните!

Убедувањето од апологетите на Рамковниот договор дека ќе воспостави соживот и хармонична општествена состојба помеѓу различните етникуми во Македонија додека се задржува нејзиниот унитарен карактер никогаш не стана пракса! Наместо ова, ОРД и последователните Уставни измени ја имаат институционализирано поделбата помеѓу различните етникуми преку озлогласениот „Балансер“, и доведе до сегрегација на етничка основа и воспоставување на консоцијален политички систем, којшто не само што ги влошува меѓуетничките односи, туку и постепено води кон нарушување на унитарниот карактер на Републиката!

— реклама —

Македонскиот народ како и секој од етникумите што ги вклучува во себе, мора да разберат дека целиот вештачки создаден раздор се создава од страна на политичките елити потписнички на овој договор! Истиот се користи како дериват за одвлекува вниманието од нивните валкани игри, што им служат за полнење на џебовите и создавање се поголема класна разлика.

Левица принципиелно се залага за раскинување на договорот и последиците од истиот зареди кои живееме во поделено општество! Потенцираме дека Левица идентично со мислењето од Советот на Европа се залага за процесуирање на „Хашките случаи“ затоа што воените злосторства не застаруваат!

— реклама —

Потсетуваме дека засегнати во овие случаи се поранешни високи функционери и сега пратеници од ДУИ како Талат Џафери и лидерот на ДУИ – Али Ахмети, како и многу други поранешни функционери, кои 23 години поддржувани од СДС и ДПМНЕ ја разоруваат македонската држава.

— реклама —

Да не се заборави дека дел од актуелните функционери на ДПМНЕ беа дел од пратениците кои во 2011 година гласаа за амнестијата на воени злосторства. Во оваа група пратеници спаѓаат: Министерот Александар Николоски, Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски заменик Министерката за Култура Ане Лашкоска и други.

Без осуда на минатото не може де се гради мирно и демократско општество!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zanaet45253_original

Левица: УЈП им создаде долг на занаетчиите, па сега ќе им блокира сметки и одзема здравственото осигурување поради грешка на институциите

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Левица: Владата троши милиони за да се снима, промовира и да си го мери рејтингот

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Јаневска молчи пред аргументите на Левица, со тоа потврдува дека бодување за студентските домови повторно немало, спротивно на законот и правилникот

Македонија | пред 2 дена

apasiev

„Додека Хаг осудува за воени злосторства “патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија“, вели Левица

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања