Промени тема
Контакт

26 издание на „Распеано рибарче“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
1000011436

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски синоќа во СРЦ „Билјанини извори“ присуствуваше на отворањето на детскиот музички фестивал „Распеано рибарче“  што се одржува по 26-ти пат во грарадов. Годинава настапија  38 изведувачи, а беа  испеани 33 нови композиции.

— реклама —

На отворањето во своето обраќање Божиноски истакна .

— реклама —

— реклама —
– Дозволете да го изразам моето огромно задоволство  што вечерва учествувам на отворањето на детскиот музички фестивал  „Распеано рибарче“ што по 26 –ти пат се одржува во Охрид.  На овој детски празник за очи и душа  ќе бидат изведени 33 нови детски песни. Ќе настапат  38 изведувачи,

 Музиката не познава граници, а детското уво најлесно ги восприема тајните на звукот и играта, ги обединува срцата на младата публика, втемелувајќи трајни вредности значајни за развојот на културата во секоја средина.

Музиката влијае на нашето расположение, буди радост, емоции што ја галат душата кај сите генерации и е неодминлива уште од најраната фаза на развој.

 Јас верувам дека и годинава  ќе бидат испеани нови  хитовски песни и незаборавни рефрени  кои  и во сон ќе ги  потпевнуваа дечињата, пеејќи за теми од нивните секојдневни преокупации.

Почитувани присутни, драги родители, наши мили дечиња

Во ерата  на паметни телефони, интернет-сервиси и апликации, не само што се помешани „плејлистите“  за деца, тинејџери, адолесценти, туку буквално сме сведоци на ерозија на музичката писменост, па  за жал се случува мали деца  на роденденски забави да  пеат песни со вулгаризми, песните на изведувачите од соседството им се омилени, а детски песни, наши, македонски, речиси и не се слушаат.

Ова се факти пред кои не можеме, не треба и не смееме да останеме неми, туку да дејствуваме, а еден од добрите модели и начини да се креираат повисоки критериуми за музичкиот вкус на младите се детските фестивали, нивно заживување, промовирање, реактуализација. Токму затоа фестивалот „Распеано рибарче„ е значаен за  децата, родителите и0 воопшто за правилен развој на нашето општество. Затоа во оваа прилика изразувам огромна благодарност до организаторите и верувам дека општината и во иднина ќе го подржува овој прекрасен миузички настан.

До нашето следно видување ве оставам во добро расположение со најубавата музика за деца која не носи во други димензии, во млади години и во подобар Свет– рече Божиноски.

— реклама —

Во  балетските точки на сцената продефилираа над 90 деца од нашиот убав град.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања