Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

282 сообраќајни прекршоци за шест часа: Уапсени четири лица, одземени две возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarycsh1i936ka910S4pYET
Скопје1.мк

Во акциска контрола спроведена на територијата на целата држава, полицијата констатирала вкупно 282 сообраќајни прекршоци, четири лица биле лишени од слобода, а привремено биле одземени и две возила.

— реклама —

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, контролата била спроведена на 25 октомври 2026 година, во периодот од 12:00 до 18:00 часот, од страна на Секторот за сообраќајни работи, со цел контрола на возачите и возилата и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

При контролата биле констатирани 51 прекршок поврзан со возилата. Изречени биле 19 мерки за технички неисправни возила, како и седум мерки за управување со возило со истечена важност на сообраќајната дозвола.

— реклама —

Во однос на возачите биле евидентирани 231 прекршок. Меѓу нив, 49 се однесувале на непрописно паркирање, 49 на некористење сигурносен појас, 14 на прекршоци од страна на возачи почетници, а 10 на користење мобилен телефон за време на возењето.

— реклама —

Во рамки на акцијата, четири лица биле лишени од слобода, а привремено биле одземени две возила поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Од МВР најавуваат дека акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста и заштита на сите учесници во сообраќајот.

— реклама —

Од Министерството упатуваат апел до возачите и останатите учесници доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што ќе придонесат за побезбедни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk3hjsd860rmhfzdWspV

Приведен 18-годишник од тетовско, осомничен за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryd1ssa6hjo5on2HjNlsc

Без возачка дозвола, пијани или со активна забрана – седум возачи приведени во едно деноноќие

Македонија | пред 13 часа

media-libraryp3bghas3id1m27JjmVF

78-годишен пешак тешко повреден откако во него удрила „шкода“ во Скопје

Македонија | пред 13 часа

media-librarygl7rh4ipjtlb279ZYZ7

Им се заканувал со остар предмет на сопругата и малолетниот син, приведен турски државјанин во Скопје

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања