Промени тема
Контакт

30 дневен притвор за четворицата осомничени за насилство во прилепската болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
272347445_4857828307642342_8495103307608053811_n

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Прилеп и едно од селото Десово за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

Четворицата осомничени, на возраст од 37, 33, 39 и 30 години на 17 април, во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, извршиле грубо насилство врз двајца оштетени – еден вработен како обезбедување во болницата и еден болничар. Тие најпрвин грубо ги навредувале и им се заканувале, а потоа физички ги нападнале оштетените, нанесувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Со насилството, кај присутните сведоци и во јавноста било предизвикано чувство на загрозување, страв и несигурност.

— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gradinka-2

Градинките во Прилеп полни, недостигот од персонал остава 150 деца на листа на чекање

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarylarnlb7pbcul2mENszF

Пожарот кај Прилеп сè уште активен: Огнот се шири во два правци, на терен се 20 доброволци

Македонија | пред 1 месец

media-libraryk4ites8rfcaifQmEd84

Пожар во прилепско село: Огнот навлегол меѓу куќите, се сомнева дека е подметнат

Македонија | пред 1 месец

semejno-nasilstvo

Жена од прилепско пријавила дека била физички нападната од невенчаниот сопруг и неговиот брат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања