Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

30% од контролираните субјекти со утврдени неправилности за неиздавање фискални сметки – изречени 25 мерки за привремена забрана за работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
fiskalni333

Управа за јавни приходи соопшти дека продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од годинава неправилности биле утврдени кај 42 проценти од контролираните субјекти.

Според УЈП, од вкупно 960 спроведени контроли, кај 395 субјекти биле констатирани прекршувања на Законот за регистрирање на готовински плаќања, а кај околу 30 проценти од случаите станувало збор за неиздавање фискални сметки, издавање непрописни сметки или непоседување фискална каса.

— реклама —

Контролите биле спроведени во 434 угостителски објекти, 318 трговски објекти, 201 услужен објект и кај седум приредувачи на игри на среќа.

— реклама —

Од Управата информираат дека бројот на пријави од граѓани е зголемен за 36 проценти во однос на лани, при што во првите четири месеци биле поднесени 887 претставки преку линијата 198, контакт-центарот и апликацијата „МојДДВ“.

За утврдените неправилности биле изречени глоби за правните и одговорните лица кај сите 395 субјекти. Најчест прекршок и понатаму останува неиздавањето фискални сметки, поради што биле изречени 242 глоби.

— реклама —

Поради повторено неиздавање фискални сметки во период од две години, на 25 субјекти им била изречена мерка привремена забрана за вршење дејност, односно запечатување на објектите.

Од УЈП најавуваат уште поголемо теренско присуство и нова методологија на контроли, која вклучува и вкрстени проверки за утврдување на веродостојноста на прикажаните приходи кај даночните обврзници.

„Насочени сме кон откривање на моделите, ризиците и механизмите преку кои се создава неевидентираниот промет“, велат од Управата, додавајќи дека ќе продолжат со мерки за сузбивање на сивата економија и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6cmmf0c8v3idcCZpAEn

УЈП испраќа предупредувања до граѓаните: Се проверуваат приливите од странство, следуваат мерки за неплатен данок

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
ujp

Електронска аукција на УЈП: продава деловни простори, дел од стан, возила и индустриска опрема

Македонија | пред 1 седмица

ujp

УЈП ги откри најголемите заработки: 4,2 милиони евра за гевгеличанец, 4,1 милион за охриѓанец, највисоката плата е 189.000 евра бруто месечно

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh44hrq08ibh3bV4Yktx

Најмладиот милионер во Македонија има 4 години

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања