Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

35 српски офицери обвинети во Косово за убиството на цивили при нападот врз куќата на Адем Јашари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-libraryb3v8dhlkuh84fCwjaDS

Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение против 35 лица од поранешните командни структури на специјалните единици на српската полиција, кои ги товари за воени злосторства против цивилното население во Преказ во март 1998 година.

— реклама —

Обвинението се однесува на настаните од 5, 6 и 7 март 1998 година во населбата Јашари во Долно Преказе. Според Обвинителството, во нападот биле убиени 26 цивили, меѓу кои имало деца, жени и постари лица. Наводно, дел од цивилите биле извадени од своите домови и малтретирани.

— реклама —

Според косовските обвинители, 35-те обвинети имале високи командни позиции во тогашните структури на специјалните единици на српската полиција и биле вклучени во планирањето, организирањето и координирањето на операцијата. Обвинението е поднесено во отсуство, бидејќи, како што наведува Обвинителството, биле исцрпени можностите за обезбедување на нивното присуство во постапката.

— реклама —

Ова е прво обвинение на косовското Специјално обвинителство кое директно се однесува на убиствата на цивили во населбата Јашари во Преказ. Сега Основниот суд во Приштина треба да одлучи за обвинението и доказите што ги доставило Обвинителството.

Во истата операција беше убиен и Адем Јашари, еден од основачите и командантите на ОВК, заедно со голем број членови на неговото пошироко семејство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryahfla9bsv2r48KKDwUl

Минибус без патници, а во подот милион евра – Германец признал дека парите му припаѓаат за да ги добие назад, ама заврши во притвор

Свет | пред 6 часа

— реклама —
kosovo-1

Приштина трага по 54-годишен маж од Ѓаковица, исчезнат пред шест дена

Балкан | пред 4 дена

kosovo-1

Татко го убил синот, два смртоносни инцидента за три дена во Косово

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Двојно убиство во Косово: Маж ги убил сопругата и пријателот

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања