Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

415 нови паркинг-места во Мичурин и Стар Аеродром: се подготвува нов сообраќаен режим

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryt0k5ebtap13d9sVPhOE

Општина Аеродром подготвува ново сообраќајно решение за Мичурин и Стар Аеродром, со кое се предвидува поинаква организација на сообраќајот, воведување еднонасочни улици, изградба на нови паркинг-места и велосипедски патеки.

— реклама —

Проектот ги опфаќа улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“, а со планираните измени треба да се овозможи поефикасно искористување на уличниот простор и поорганизирано движење на возилата, велосипедистите и пешаците.

— реклама —

Во рамките на новиот сообраќаен режим се предвидени вкупно 415 нови паркинг-места. Од нив, приближно 200 ќе бидат во Стар Аеродром, а 215 во Мичурин.

— реклама —

Со новата организација, според Општина Аеродром, јавниот простор ќе биде подобро распределен меѓу различните учесници во сообраќајот, со повеќе можности за паркирање и подобри услови за велосипедскиот сообраќај.

— реклама —

Целта е да се создаде поорганизиран, пофункционален и побезбеден сообраќај, како и подобро уреден јавен простор и поквалитетни услови за секојдневно функционирање на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример за неодговорност поради оставање стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryf6lc61gla07e5IsYqSb

Остатоците од паднатите дрвја во Аеродром сè уште не се собрани, граѓаните реагираат на состојбата

Скопје | пред 3 седмици

skopski-aerodrom-skopje-patnici

Скопскиот аеродром меѓу европските рекордери: Патничкиот сообраќај пораснал за 34,8 отсто

Македонија | пред 1 месец

bez-voda

Аеродром денеска без вода поради водоводен приклучок

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања