Промени тема
Контакт

476 приговори за „Сејф сити“ за еден месец во Кривичен суд, најмногу се за брзина, црвено светло и нерегистрирани возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Основен кривичен суд Скопје информира дека во првиот месец од примената на системот „Сејф сити“ се поднесени вкупно 476 приговори по издадените прекршочни налози за евидентирани сообраќајни прекршоци.

— реклама —

Од нив, 431 приговор се поднесени од правни лица, а 45 од физички лица. По предметите постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци.

Согласно Законот за прекршоци, сите приговори се навремено заведени и во законскиот рок од осум дена се доставени до Министерство за внатрешни работи за произнесување, што претставува предуслов за понатамошно судско постапување.

— реклама —

Од Судот појаснуваат дека до овој момент нема донесено правосилна судска одлука по прекршоците евидентирани преку системот „Сејф сити“, во случаите кога е поднесен приговор.

— реклама —

Најголем дел од приговорите се однесуваат на прекршоци поврзани со неприспособена брзина, поминување на црвено светло и управување со нерегистрирано возило.

Како значаен предизвик се посочуваат приговорите од лизинг-компании за возила дадени на користење врз основа на договор за лизинг, како и од граѓани кои претходно ги отуѓиле своите возила, но не извршиле одјава во МВР, поради што прекршочните налози биле издадени на нивно име.

— реклама —

Од Судот наведуваат дека, имајќи го предвид јавниот интерес за воведувањето на системот „Сејф сити“, ќе продолжат да постапуваат во законските рокови и транспарентно да ја информираат јавноста за текот на постапките и обврските што произлегуваат за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys3mslbj8n2bn6k1tHJM

„Безбеден град“ почна да снима прекршоци и во Велес

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarym30rofrhld2220GP5jD

(Фото) Ниту моторџиите не се „невидливи“ за камерите: „Безбеден град“ почна да ги казнува и моторите, ги лови задните таблици

Македонија | пред 1 месец

media-library2hjl356e3oicfajUMMW

И втор странец уапсен на Табановце: возел со двојно поголема брзина, фатен е на „Сејф сити“

Македонија | пред 1 месец

media-library7spobjbn0bhlf1UKtSF

„Почитувам правила, зошто да чекам пет часа?“: Наплатата на казните на Табановце предизвика бурни реакции

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања