Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Безбеден град“ почна да снима прекршоци и во Велес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarys3mslbj8n2bn6k1tHJM

Системот „Безбеден град“ од денеска е активен и на подрачјето на СВР Велес, кое ги опфаќа Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. За само ден и половина, системот регистрирал 151 сообраќаен прекршок.

— реклама —

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во саботата биле евидентирани 124 прекршоци, а до денеска напладне уште 27. Најголемиот дел од прекршоците се однесувале на пречекорување на дозволената брзина, додека во само три до четири случаи било регистрирано минување на црвено светло.

— реклама —

Во Велес е отворен и команден центар за системот „Безбеден град“, сместен во целосно реконструираните поранешни простории на Министерството за одбрана.

— реклама —

Тошковски им се заблагодари на граѓаните за, како што рече, одговорното однесување и почитувањето на сообраќајните правила. Тој нагласи дека целта на системот не е зголемување на приходите во државниот буџет, туку зголемување на безбедноста на патиштата.

— реклама —

Според податоците што ги презентираше министерот, „Безбеден град“ веќе дава резултати и преку намалувањето на бројот на жртви во сообраќајни несреќи. Во првите осум месеци од минатата година на патиштата во Македонија животот го загубиле 96 лица, додека во истиот период годинава бројот е намален на 61 жртва.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb8lr4j0jv49ibNZUGHb

Бидејќи возачите знаат кај се камерите на „Сејф сити“, МВР најде нов начин за ловење и казнување, потврди и Тошковски

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryi3b2bs9et7l27Vp13z6

Од утре камерите на „Безбеден град“ ќе казнуваат и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Македонија | пред 1 месец

media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Камерите на „Безбеден град“ ќе ловат нов прекршок со помош на вештачка интелигенција

Македонија | пред 1 месец

media-librarym30rofrhld2220GP5jD

(Фото) Ниту моторџиите не се „невидливи“ за камерите: „Безбеден град“ почна да ги казнува и моторите, ги лови задните таблици

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања