Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Нови радари ќе регистрираат прекршоци и во движење, „Safe City“ во сите градови до средината на 2027 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library6h10q6mv655acTmpZQH

Системот „Safe City“ ќе добие нови функционалности и ќе се проширува низ Македонија, а во полициските возила ќе бидат поставени паметни камери со радари за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци. Целосната имплементација на проектот е планирана до средината на 2027 година, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

— реклама —

Подвижните радари ќе се користат и во градските средини и на отворените патишта, а нивното воведување ќе се одвива постепено, со опремување на возилата и обука на полициските службеници.

— реклама —

Системот за санкционирање на непрописното паркирање треба да започне да функционира до крајот на годината, но прекршоците нема да се утврдуваат целосно автоматски. Полициски службеник ќе треба да ја потврди неправилноста, бидејќи камерите не можат со целосна точност да разликуваат непрописно паркирање од запирање поради сообраќаен метеж. Контролите ќе бидат насочени кон главните булевари во Скопје и другите градови, особено кон сообраќајниците по кои се движат автобусите.

— реклама —

Тошковски најави и мобилна апликација, која треба да биде достапна од следната недела, преку која граѓаните ќе можат да проверуваат дали имаат регистриран сообраќаен прекршок и да ги плаќаат казните.

— реклама —

Проширувањето на системот ќе се одвива етапно: СВР Струмица треба да биде опфатен во првата половина на декември, СВР Штип до крајот на годината или најдоцна до крајот на јануари, а СВР Скопје до крајот на февруари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryb8lr4j0jv49ibNZUGHb

Бидејќи возачите знаат кај се камерите на „Сејф сити“, МВР најде нов начин за ловење и казнување, потврди и Тошковски

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryi3b2bs9et7l27Vp13z6

Од утре камерите на „Безбеден град“ ќе казнуваат и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Македонија | пред 1 месец

media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Камерите на „Безбеден град“ ќе ловат нов прекршок со помош на вештачка интелигенција

Македонија | пред 1 месец

media-librarys3mslbj8n2bn6k1tHJM

„Безбеден град“ почна да снима прекршоци и во Велес

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања