„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

56 записници за неправилно фрлање отпад во јануари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-library5hcs1qvciere5TC6Cu2

Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

— реклама —

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно  одлагање на отпадот. Најголем број на записници - вкупно 32 - се врачени во скопската општина Чаир.

— реклама —

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и Старата скопска чаршија“, информираат од претпријатието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq4ptp7id9v761PaNVV7

Не спроведувал одлуки, се создавале диви депонии, се загрозила животната средина - обвинение за екс в.д. директорот на Комунална хигинена

Македонија | пред 2 месеци

media-librarye06qosfbv2h09fB96NK

Комунална хигиена: Илјадници кубици нелегален отпад исчистени од скопските улици

Скопје | пред 2 месеци

media-library1qdipces7q7s8pfpSxn

(Видео) Отпуштени 371 лицe од Комунална хигиена!

Настани | пред 3 месеци

media-librarynf9pj8ufjbb8cBNTWAK

Притвор за директорот на „Комунална хигиена“ и неговиот соработник – осомничени за загрозување на животната средина

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања