Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Комунална расчисти диви депонии на Пластичарска и во Старата чаршија, oтстранети 45 кубни метри отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-libraryvqv8umeeoangeVKO2HX

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија.

— реклама —

Локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, претставува „црна точка“ каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на своите последни активности на оваа локација отстрани приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад. По подигнувањето на отпадот беше извршено машинско миење на просторот со употреба на автоцистерна.

— реклама —

Втората поголема интервенција за расчистување диви депонии беше реализирана во Старата скопска чаршија, каде што беа подигнати 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градинарски и кабаст отпад во непосредна близина на културно-историскиот локалитет Куршумли ан, кој претставува културно наследство од особено значење за државата.

— реклама —

Само во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 575 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје.

Секое одлагање отпад надвор од наменски поставените садови претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загрозува животната средина и јавното здравје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5hcs1qvciere5TC6Cu2

56 записници за неправилно фрлање отпад во јануари

Скопје | пред 1 месец

media-libraryq4ptp7id9v761PaNVV7

Не спроведувал одлуки, се создавале диви депонии, се загрозила животната средина - обвинение за екс в.д. директорот на Комунална хигинена

Македонија | пред 3 месеци

media-librarye06qosfbv2h09fB96NK

Комунална хигиена: Илјадници кубици нелегален отпад исчистени од скопските улици

Скопје | пред 3 месеци

media-library1qdipces7q7s8pfpSxn

(Видео) Отпуштени 371 лицe од Комунална хигиена!

Настани | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања