76-годишната Мерил Стрип повторно вљубена: Можно ли е венчавка со Мартин Шорт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryabiueu92qqjp6a1ziYM

Кариерата на Мерил Стрип е вонредна, талентот ѝ е легендарен, а приватниот живот обележан со големи љубови, трагедии и развод. Денес, на 76-годишна возраст, холивудската икона повторно е вљубена и, според блиски извори, можно е наскоро да се случи и свадба. Нејзиниот избраник е прочуениот актер Мартин Шорт, со кого љубовта ја пронашла во зрелите години.

— реклама —

Стрип и Шорт, кој има 75 години, се зближиле за време на заедничката работа, а нивната врска стана јавна во јануари 2024 година. Според извори блиски до двојката, следниот чекор би можел да биде венчавка. За Стрип, велат, пресуден бил хуморот на Шорт, неговата енергија и интелигенција, како и способноста постојано да ја насмее.

— реклама —

Мартин Шорт неодамна за „Ентертејнмент тудеј“ изјави дека она што ја прави Мерил Стрип посебна е нејзината природност и скромност. И покрај 21 номинација за Оскар, таа, како што рече, не се однесува како дива, туку како пристојна, духовита и великодушна колешка.

— реклама —

Двајцата актери играат во хит-серијата „Only Murders in the Building“, која последниве години редовно се наоѓа меѓу номинираните за најпрестижните холивудски награди. Доколку дојде до венчавка, тоа би бил втор брак и за двајцата.

Мерил Стрип зад себе има брак со Дон Гамер, со кого има четири деца и пет внуци. Иако разводот беше јавно соопштен дури во 2023 година, бракот од 39 години бил завршен уште во 2021, а парот живеел одвоено повеќе од шест години. Долго време успеале да ја сокријат разделбата од јавноста.

Животот на актерката е обележан и со една од најголемите холивудски љубовни трагедии. Во 1976 година ја запознала својата голема љубов, актерот Џон Казале. Тие живееле скромно во Њујорк, сè додека не дознале дека Казале боледува од рак на белите дробови во терминална фаза. Стрип останала покрај него до самиот крај, а колеги како Ал Пачино и Роберт Де Ниро помагале и финансиски и морално за неговото лекување.

Мартин Шорт, пак, ја загуби сопругата Ненси Долман во 2010 година, по битка со рак на јајниците. Тој е татко на три деца.

По децении исполнети со професионални успеси, лични загуби и животни пресврти, Мерил Стрип денес повторно изгледа среќна. Дали таа и Мартин Шорт навистина ќе застанат пред олтарот, останува да се види, но нивната приказна веќе се вбројува меѓу најубавите холивудски љубови во зрелите години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања