Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

830 таблети за учениците од Аеродром: Продолжува проектот „Таблет за секое дете“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryv1naikd0m452dCwZ4ss

Учениците од четврто одделение во Општина Аеродром добија нови таблети што ќе ги користат во наставата, како дел од проектот „Таблет за секое дете“, кој општината го спроведува петта година по ред.

— реклама —

Таблетите денеска им беа поделени на учениците во ООУ „Љубен Лапе“ од страна на градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

— реклама —

За годинешната реализација на проектот, Општина Аеродром обезбеди 830 таблети, со што, како што посочуваат од општината, продолжуваат вложувањата во дигитализацијата и подобрувањето на условите за образование во основните училишта.

„Современото образование бара примена на нови технологии и создавање услови за поквалитетна и интерактивна настава приспособена кон потребите на учениците. Токму затоа, покрај таблетите, обезбедивме и 7.500 бесплатни училишни униформи за сите ученици, а во соработка со Министерството за образование и наука, и бесплатни учебници“, изјави Митески.

— реклама —

Покрај таблетите, училиштата на територијата на Општина Аеродром континуирано се опремуваат со современа технологија и опрема, со цел подобрување на условите за реализација на наставата и стекнување знаења и вештини потребни за современото општество.

— реклама —

Од Општина Аеродром велат дека со континуираните вложувања во образованието се создаваат современи и инклузивни училишта приспособени на потребите на новите генерации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntpro4bu5nb97HKk4Kg

Граѓани снимиле камион кој истурал отпад во Аеродром, инспекциските служби веднаш реагирале

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryol0d1jb71ovg20k6aK5

Општина Аеродром ослободува паркинг-места: Се отстрануваат старите и напуштени возила

Скопје | пред 3 дена

media-librarybmk019jm58sj9WAoOPC

Отстранети 400 тони отпад од диви депонии и јавни површини во Аеродром

Скопје | пред 6 дена

media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример за неодговорност поради оставање стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања