Промени тема
Контакт

9-годишно дете оставено само во Тетово – таткото го донел за питачење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
20180506_040611-1

Полицијата утврдила дека 9-годишното дете, пронајдено само пред угостителски објект во Тетово, е дел од организирана група која присилува малолетници да питачат.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 24 октомври 2025 година во 01:30 часот, жител на Тетово пријавил дека пред локал на улицата „Маршал Тито“ пронашол дете кое било изгубено и не комуницирало.

— реклама —

„Веднаш било постапено по пријавата и било утврдено дека станува збор за малолетник од населбата Шуто Оризари – Скопје. Неговиот татко, Е.М., заедно со други деца со комбе бил донесен во Тетово за питачење. Околу 22 часот, комбето со останатите деца се вратило во Скопје, а него го заборавиле“, информираа од МВР.

— реклама —

На местото интервенирале претставници од Центарот за социјални работи – Тетово, кои по документирањето на случајот го предале детето на колегите од ЦСР – Скопје.

— реклама —

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, со фокус на идентификација на организаторите на мрежата која експлоатира деца за питачење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

60-годишен скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library76ee7sj98oupd7DEdih

70-годишен скопјанец пронајден починат, телото предадено на обдукција

Македонија | пред 20 часа

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Тројца малолетни ученици физички нападнати во Рекреативниот центар „Сарај“

Скопје | пред 20 часа

media-library9e9f9mqh3e0daePfi5N

Приведен 35-годишник, со трактор без регистарски ознаки превезувал бесправно исечени дрва

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања