Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

9000 семејства од социјален ризик оштетени за 120 евра годишно, велат од Министерството за труд и социјална политика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
velkovski26012024-1

Како резултат на незаконското работење на претходните раководства на Министерството за труд и социјална политика околу 9000 семејства од социјален ризик оштетени се за 120 евра годишно. Станува збор за 30.000 граѓани корисници на парични средства од системот на социјална и детска заштита од 2020 година.

— реклама —

“Станува збор за 1,7 милиони евра или 100 милиони денари, кои по закон треба да бидат по закон исплатени на корисниците на социјална помош. Проблемот е настанат бидејќи не се корегирани решенијата за помошта кои треба да бидат нивелирани со статистиката и податоците за пораст на животниот стандард. Оваа грешка е провелкувана до ден денешен и не е направена промена“, изјави министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски на денешното гостување во Слободен печат.

— реклама —

Има јасно дефинирана законската обврска по член 31 став 2 од Законот за социјалната заштита и член 15 од Законот за социјална сигурност дека Центарот за социјална работа е должен висината на правото да ја усогласи со трошоците на живот. Претходните раководства на министерството заедно со Центрите за социјална работа не вршеле усогласување со порастот на трошоците на живот кои ги објавува Државниот завод за статистика.

— реклама —

Во секоја категорија на ранливи групи износот е различен. На пример, кај додатокот за образование на лице кое до својата 18-та година имало статус на дете без родители и е редовен студент на државните универзитети, висината на правото во 2020 изнесувало 24 192 денари. Денеска на истиот студент и покрај зголемувањето на трошоците за живот му се исплаќа истата сума. Износот кој треба да го добие доколку претходниците работеле согласно законот е 31565 денари што е 7373 денари разлика. На годишно ниво разликата е над 88 000 денари.

“Уште еден пример за сликата да биде појасна како е оштетено едно четиричлено домаќинство во Република Македонија. Едно четиричлено семејство со мајка татко и две малолетни деца, со донесување на новиот закон за социјална заштита во 2019 година добивало 6800 денари гарантирана минимална помош. Во 2024 година би добивало 8943 денари. Разликата е 2143 денари месечно за четиричлено семејство. Во овие категории на граѓани има стари и изнемоштени лица, лица кои останале без работа и се материјално необезбедени, лица болни, граѓани со интелектуална и телесна попреченост, деца кои живеат во сиромаштија. Во услови кога потрошувачката кошничка расте, цените скокаат, инфлацијата си го наплаќа данокот, а поранешните раководства спротивно на законот ги држеле најранливите граѓани под минималните услови за да го преживеат месецот“, истакна Велковски.

Министерот најави дека во наредниве денови ќе биде испратено укажување до Центрите за социјални работи да постапуваат согласно законските прописи и да извршат пресметки за секој корисник посебно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_4001

Велковски: Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока цел

Македонија | пред 1 година

IMG_3595

Велковски на средба со здружението Мобилност

Македонија | пред 1 година

velkovski26012024-1

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Македонија | пред 1 година

IMG_3371-1

Средба на министерот Велковски со советот на згрижувачи од СОС Детско Село

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања