На 64-годишна возраст почина Драган Василов – Цевка, еден од најпознатите македонски кошаркарски тренери за млади категории. Популарниот Цевка над три децении, со мали прекини, работеше како тренер на млади играчи, низ неговите раце поминаа бројни познати кошаркари и македонски репрезентативци, пред сè од школата на Работнички, како Перо Антиќ, Емил Рајковиќ, Ѓорѓи Чековски, Александар Јончевски, а во младинските селекции и Димитар Мираковски, Златко Гоцевски, Александар Антиќ, Кирил Павловски…
Во 1999 година беше селектор на кадетската репрезентација на Македонија која го освои шестото место на Европското првенство во Словенија што досега е втор најдобар пласман на една македонската младинска селекција, по четвртото место во 1995 година.
