Во градот Кеноша во американската сојузна држава Висконсин полицијата, реагирајќи на дојава за семејно насилство, пукала во еден Афроамериканец, кој бил ранет и со повреди опасни по живот бил превезен во болница.
На снимката може да се види како мажот приоѓа кон автомобил и ја отвора вратата, по што полицаец го застрелува седум пати од близина во грб држејќи го за маицата.
Предупредуваме дека видеото е со вознамирувачка содржина:
Ранетиот маж во болница го однела полицијата. Инцидентот се случил вчера околу 17 часот по локално време, а набрзо на местото на настанот се собрале десетици луѓе, кои почнале да протестираат.
