Македонија

И експретседателот на Комисијата за лустрација обвинет во „Моќник“

Скопското обвинителство денеска информираше дека е поднесено обвинение за случајот „Моќник“, предмет кој беше отворен од веќе згаснатото специјално јавно обвинителство (СЈО). Освен измамата околу нелегалната продажба на објектот во која била сместена општина Пласница, со овој случај е опфатена и нарачана лустрација, од тогашниот пратеник Антонио Милошоски. Па затоа, освен за пратеникот, обвинение е поднесено и за поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, пишува „Фокус“.

Споре информациите од обвинителството, Милошоски  умислено го поттикнал Аџиев да отвори повторна постапка за лустрација на судијата Драги Билески.

На почеток