Свет

Италијанка по трет пат заболела од коронавирус

Една Италијанка од Ломбардија открила дека за време на годишниот одмор на островот Сардинија по трет пат се заразила со вирусот Ковид-19.

Италијанката, која била на годишен одмор во градот Тертенија на Сардинија, отишла во болница поради други здравствени причини и открила дека е повторно позитивна на Ковид-19.

Таа претходно била во болница во два наврати поради Ковид-19, по што, според порталот Олбија.ит, била излечена, односно имала негативни резултати од тестот за коронавирус, а сега е хоспитализирана во градот Ланузеи.

Според најавите на локалните власти, пациентката ќе биде повторно тестирана, а според антиковид-протоколот, нејзините контакти ќе бидат следени со цел да се утврди дали се заразени.

На почеток