Македонија

Почина драматургот Горан Стефановски

Во Англија, во местото Кентбери на 66 годишна возраст почина познатиот драматург Горан Стефановски.

Горан Стефановски е роден 1952 година во Битола, во театарско семејство. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал.

Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година бил професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, а од 2004 година е и дописен член на МАНУ.

Тој беше автор на „Диво месо“, „Лет во место”,  „Дупло дно”, „Тетовирани души”, а добитник е на престижниете награди: „Стале Попов“, „11 Октомври“,  двапати на „Стериина награда” и шестпати добитник на наградата „Војдан Чернодрински“.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток