Македонија

Започнуваат Божикните пости

Од денеска почнува Божикниот пост. Божикните пости се период кои му претходи на празникот Рождество Христово. Трае околу 40 дена и според црквата се нарекува исто така „Филипов пост“, бидејќи започнува после 27 ноември – денот на споменот на Апостол Филип.

Православната црква запишала дека Божикниот пост е востановен за верниците да можат во пресрет на Рождеството Христово, да се очистиат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи Му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.

Во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето. Освен тоа, Уставот вели дека во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло.

Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло.

Рибата за време на Божикниот пост е дозволена во саботните и неделните, како и на големите празници, каков што е празникот „Воведение во храмот на Пресвета Богородица“, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток. Доколку празникот се падне во среда или петок се разрешува на вино и масло.

Од 2 јануари до 6 постот се засилува и во тие денови, дури и во сабота и недела рибата не е благословена, потенцираат црковните правила.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток