Шеесет и едногодишен чувар во рудникот „Ржаново“ бил пронајден мртов.
Според информациите на МВР, вчера, во 13:20 часот, во полициска станица Кавадарци било пријавено дека пред чуварницата на рудникот „Ржаново“ е пронајден починат чуварот М.С.(61) од Кавадарци.
Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција за да се утврдат причините за смртта.