Невидени пожари уништија повеќе од 8.000 км2 во Калифорнија, што е подрачје речиси 80 пати поголемо од Париз, принудувајќи многу жители да побегнат, соопштија пожарникарите во понеделникот.
„Ова е првпат во последните 33 години да надминеме два милиони хектари, односно 8.000 км2“, рече Лин Толмахоф, портпаролка на противпожарната служба.
Деновиве со пожарите во Калифорнија се борат околу 14.000 пожарникари.
Низ Јужна Калифорнија, на луѓето им беше наредено да се евакуираат и да се засолнат.
Повеќе од 3.300 објекти се уништени, а осум лица загинаа.