Поранешниот натпреварувач во борење, а сега тренер Љуљзим Вранези ја доби наградата за животно дело „8 септември“ во развој и афирмација на спортот во Македонија.
„Најголема награда во кариерата за мене е оваа. Сакам да им се заблагодарам на семејството и колегите кои се главни виновници за наградата. Се надевам дека ќе ве израдуваме со медал од ЛОИ во Токио“, изјави Вранези.
Покрај наградата за животно дело беа доделени уште четири признанија за развој и афирмација на спортот во Македонија. Бесник Мурати (карате), Сократ Ефтимовски (борење), Ванчо Јовановски (ракомет) и Ѓорги Вучков (атлетика).