Македонија

(ФОТО) Фонтаната во центарот на Струмица осамна со пена која се излеваше на булеварот

Утрово фонтаната на булеварот ,,Маршал Тито” во Струмица осамна со пена, што ги изненади струмичани имајки во предвид дека до синоќа истата беше полна со вода. Сликата  ,,фонтана со пена”  ги пречека струмичани кои денеска одбележуваат годишнина од ослободувањето на градот, објави drnka.mk. 

Од струмички ,,Комуналец” информираа дека најверојатно во фонтаната е ставен одредено средство за перење што предизвикува пена. Тврдат дека тоа е дело на несовесни граѓани и во текот на денешниот ден ќе биде исчистена истата.

извор:drnka.mk. 

На почеток