Скопје

„Бев наивен“ -една од ретките реченици кои Филан М. ја изусти пред судијата во Франкфурт

Пред судот во Франкфурт на почетокот на септември започна процесот против Филан М. обвинет за подготовка на напад против државата, кршење на законот за воено оружје и телесни повреди. Филан планирал самоубиствен напад, објави dw.com. 

„Бев наивен“, беше една од ретките реченици кои Филан М. ја изусти пред судијата во Франкфурт каде е обвинет за серија сериозни кривични дела. Првото рочиште во случајот во кој е обвинет 25-годишниот Германец со македонско потекло во детали го следеше новинарот на весникот Франкфурте Рундшау.
Во ноември 2019 година, Филан М. беше уапсен од германската полиција заедно со уште двајца осомничени на 21 и 22 години од турско потекло, под сомнение за подготување на терористички напад.
Неговите потенцијални соучесници подоцна беа ослободени поради недостаток на докази, но Филан М. беше обвинет и се соочува со долгогодишна затворска казна. Обвинителството го товари дека планирал самоубиствен бомбашки напад врз еден ресторан во Заксенхаузен во близина на Франкфурт.

„Имав среќно детство. Никогаш не ме удриле. Сакав само да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот. И дека тој пат е добар“, изјави Филан М. на претходното судење за изнуда и насилство.

Текстот во целост на: dw.com. 

На почеток