Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Бислимовски бил член на партиските тела, Заев кршејќи закон го ставил на чело на Регулаторна да поскапува струја

Марко Бислимовски не е независен и професионален, тој е партиски функционер на СДСМ, кој ги исполнува барањата и желбите на Зоран Заев. Марко Бислимовски во 2011 година бил избран за член на Економско – Социјалниот Совет на СДСМ, партиски орган и комисија. Бислимовски е партиско лице, и од таму не може да биде независен експерт кој ќе ги претставува граѓаните, туку партиски функционер кој се грижи за бизнис интересите на Заеви, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Марко Бислимовски го крши законот за енергетика и чл. 17 ст. 5 од истиот, кој е дециден дека Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика не смее да биде функционер во политичка партија. Марко Бислимовски е функционер во политичка партија.

Самото именување на Марко Бислимовски за Претседател на РКЕ е кршење на Законот за енергетика. И тука одговорност сноси предлагачот.

Марко Бислимовски е незаконски претседател на РКЕ. Според чл.19 ст.6 т.2 од Законот за енергетика кој вели дека на Претседателот на РКЕ може да биде разрешен доколку извршил повреда на обврските за непристрасност и независност. Бислимовски тоа го направил, со самиот факт што е член на партиски орган и со тоа партиски функционер.

Бислимовски е старото лице на СДСМ. Партиски функционери кои се продаваат за независни експерти, а работат исклучиво за свој џеб на штета на народот.

Заев и СДСМ не се решение за проблемот тие се проблемот. Заев и СДСМ мора да паднат,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

На почеток