Рускиот претседател Владимир Путин за судирот во Керченскиот Теснец го обвини украинскиот претседател Петро Порошенко и неговата желба да биде реизбран.
Според Путин, судирот помеѓу руските и украинските бродови, бил целосно испровоциран од украинските бродови, кои одбиле да комуницираат со руските морски граничари и ги нарушиле територијалните води крај јужните руски брегови.
– При приведувањето на украинските морнари, руските граничари прецизно и совршено ја исполнија својата должност. Тие и не можеа да дејствуваат поинаку, затоа што тогаш „требаше сите да бидат судени. Но тие исполнија законската обврска за заштита на територијалниот интегритет на Руската Федерација, истакна Путин.