Од декември цигарите ќе добијат нова цена и нов изглед. Втор пат годинава ќе поскапат за 5 денари. Ова е поради поради промените кои ги наметнува новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, во наредниот период дел од брендовите на цигари ќе поскапат. Имено, Законот кој стапи на сила во мај минатата година строго дефинира дека едно пакување може да содржи најмалку 20 цигари и не дозволува да се пуштаат во промет пакувања со 19 или помалку цигари.
Исто така, на амбалажата освен на македонски јазик, текстот ќе биде испишан и на албански.
Во иднина на цигарите нема да смее да пишува дека се лајт или слично. Членот 70 од Законот за тутун предвидува дека не е дозволено на кутијата да се содржат термини кои ќе упатуваат на тоа дека производот е на пример, помалку штетен од другите.