Утрово во 06:30 часот, од водите на Охридското езеро е извадена артилериска граната 75mm од Првата Светска војна, со превземени безбедносни мерки.
Ангажиран беше нуркачот и пиротехнологот Милутин Секулоски тим лидер на тимoт за заштита и спасување под вода од Дирекцијата за заштита и спасување, претходно обучуван и ангажиран при чистење на Охридското езеро во неколку фази од неексплодирани убојни средства заостанати од Првата Светска војна.