Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод јубилејот 75 години од Второто заседание на АВНОЈ од 29 Ноември 1943 година, денеска во големата сала на Општина Охрид, организира историски час на тема „ Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава “.
На трибината, на која учествуваа градоначалникот Јован Стојаноски и претседателката на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска, за овој важен историски настан зборуваше професорот по историја Наце Иваноски.