Петре Шилегов, вечерва, пуштил лајв снимка од фарбање на пешачки премини на ул.Никола Парапунов во Карпош.
Шљака асфалт низ градов и пушта видеа ко со Елон Маск да сме измислиле ракета ,,Македонија вечна” и да сме слетале на Уран и да сме збуцале знаме у некоја тамошна нива, напиша на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска Јоци. Јоци додава:
Е, вака тој мисли се добиваат избори, со шљакање боја.
Не ги видел бројките на ДИК.
Ај, добро.
А, цел град му е ,,прооден” од метеж.