Македонија

Филипче на консултација со Комисијата за заразни болести поради зголемениот број новозаразени

Во моментот се одржува консултација на министерот за здравство, Венко Филипче, со членовите на Комисијата за заразни болести, информираат од Министерството за здравство.

„На состанокот се анализираат актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи на Ковид-19 во земјата“, стои во соопштението, во кое се додава дека Министерството ќе достави повеќе информации по завршување на консултативната средба.

Денеска, здравствените власти регистрираа 225 нови случаи на инфекција на 1.694 направени теста, што е зголемување во однос на дневната бројкта од претходните недели.

 

На почеток