На социјалните мрежи повторно се појавија делови од видеото кое се емитуваше во живо на Фејсбук од телефонот на советничката во Град Скопје, Драгана Велковска во кое се слушаат навреди за инспекторите поради казна за паркирање, објави Либертас.
Од видеото дека се слуша расправија со закани.
Инспекторат на Град Скопје соопшти дека во петокот попладнето при извршување на своите работни задачи, инспектори биле снимани од советничката Велковска и добивале закани од неа.
,,Попладнево на бул. Климент Охридски нашите инспектори казнуваа непрописно паркирани возила на тротоарот зад Соборниот Храм. На тротоарот непосредно до угостителскиот објект „Веган Кујна“ беа затекнати две возила, а сопствениците излегоа од објектот, одбија да се легитимираат и ги однесоа своите возила.
Повикана беше и полицијата, откако инспекторите почнаа да добиваат закани за роднински врски со членови на Советот на Град Скопје.
Текстот во целост на: Либертас.