Македонија

Директорката на Заводот во Демир Капија: Илче беше добар, си јадеше, неговата смрт нѐ изненади сите

Утрово јавноста ја потресе веста за смртта на единаесетгодишниот Илче, момчето од Охрид со тешки здравствени проблеми кое го напуштија родителите и кое со апели од јавноста  беше сместено во Групниот дом при Специјалниот завод Демир Капија.

Директорката на Заводот, Александа Велковска во изјава за „Фокус“ вели дека смртта на Илче ги изненадила сите. – Беше во стабилна здравствена состојба, си јадеше, вчера попладне ненадејно почина. Кои се причините за смртта е неблагодарно да нагаѓам, обдукцијата ќе покаже од што почина, вели Велковска.
И од Министерството за труд и социјална политика велат дека детето починало ненадејно и дека неговото тело ќе биде дадено за обдукција.
На почеток