Скопје

Брз тест за ковид 19 во пункт во Ѓорче Петров,без консултација на матичен доктор

Во Поликлиниката Ѓорче Петров, односно во пунктот за тестирање, за отприлика две недели ќе ги има брзите тестови за Ковид-19, кои же даваат резултат за 15 до 20 минути, вели за Фактор директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски.

-Ова треба да почне да функционира за отприлика две недели од сега. Квалитетот на овие брзи тестови треба да биде потврден во нашава земја,  постојат неколку фирми кои тоа може да го реализираат, а регистрацијата секако ттреба официјално да биде заведена од МАЛМЕ. Самата постапка е многу едноставна. Се зема брис само од нос, и резултатот е готов најмногу за 20 минути. Ако е негативен, значи понатаму не треба да постојат никакви стравувања кај граѓаниот дека е заразен со корона вирусот, но доколку тестот излезе позитивен, тоа же мора да се потврди и со ПЦР тест, вели д-р. Исјановски.

Текстот во целост на: Фактор

На почеток